„НАСА“ го одложи испраќањето на дрон на Титан

Точка

29/09/2020

16:28

1.224

Големина на фонт

а а а

Американската вселенска агенција „НАСА“ планира да испрати дрон и на Титан, природниот сателит на Сатурн, но за тоа ќе мора да почекаме подолго од планираното.

„НАСА“ го одложи лансирањето на дронот "Dragonfly" за една година, така што тоа нема да се случи во 2026-та, туку во 2027-ма година. Како причина се наведени „екстерни фактори“ меѓу кои е актуелната пандемија на коронавирусот.

Влијанието на буџетот на одделот за планетарна наука е евидентен, така што практичното решение ќе мора да почека.

„НАСА“ претходно уште еднаш го одложил лансирањето на дронот "Dragonfly" од 2025-та до 2026-та година.


Станува збор за амбициозен проект, а "Dragonfly" се планира да помине девет години вршејќи мисии и собирајќи примероци за анализа. Целта е да се проучи населивоста и развојот на пробиотичката хемија во клучниот кратер на удар на Титан.

Од "Dragonfly" се очекува на научниците да им пружи подобра слика за мистериозниот природен сателит на Сатурн, како и за одржливоста на живот надвор од Земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг