3-годишно дете во Кина заразено со бубонска чума: Прогласен четврти степен на опасност

Точка

29/09/2020

16:18

1.554

Големина на фонт

а а а

Во кинеската провинција Јунан, на границата со Монголија, тригодишно дете се заразило со бубонска чума, известува "Daily Mail", повикувајќи се на кинеските државни медиуми.

Засега не е познато како точно се заразило детето од Сидинг, во кругот Менгаја, но, како што се наведува, веќе се применети итни мерки за сузбивање на ширење на заразата. 

Властите во Менгаја во петок прогласиле четврти степен на опасност. Во соопштението се наведува дека детето имало благи симптоми и дека по лечењето е во стабилна состојба. Иако не е кажано како детето точно се заразило, властите соопштиле дека во тој округ завладеала наезда на стаорци откако на 21-ви септември во едно село биле најдени три глувци кои угинале од непознати причини.

Во август во кинескиот регион Внатрешна Монголија, во близина на кинеската граница со Монголија, две лица починале од бубонска чума, па властите вовеле делумна забрана за излегување. Освен тоа, на Кина и се заканува опасност од ширење на заразата од соседна Монголија, која објавила дека најмалку 17 од вкупно 21 провинции се изложени на опасност од ширење на заразата.

Во средниот век бубонската чума, позната и како црна смрт, се вбројувала во најопасните болести и однела огромни човечки жртви, а денес во главно е искоренета. Сепак, ретки случаи и натаму се јавуваат.

Јерсинија пестис, бактеријата која ја предизвикува, е високо инфективна. Според информациите на германскиот институт "Роберт Кох", "вообичаениот пат на инфекцијата" води преку животни, како стаорци и други глодари. Во повеќето случаи предизвикувачот преминува на болви, кои се пренесуваат на луѓе.

Можно е и директно пренесување од животни на човек преку инфициран животински секрет, на пример, во допир со мртви диви животни. Бактеријата се пренесува од човек на човек преку телесни течности.




Спонзорирани линкови

Маркетинг