Стравува од геноцид: Познатиот фудбалер пратил моќна порака до светот по повод војната околу Нагорно-Карабах

Точка

29/09/2020

15:35

3.017

Големина на фонт

а а а

Мкитаријан, моментално фудбалер на италијанска Рома, се огласил преку социјалните мрежи обвинувајќи ја азербејџанската страна дека напаѓа цивилни подрачја.

Најдобриот фудбалер на Ерменија, Хенрих Мкитаријан, ја повикал меѓународната заедница итно да реагира по повод судирот во регионот Нагорно-Карабах за да се избегне, како што навел, "уште еден геноцид над ерменскиот народ". 

Мкитаријан, моментално фудбалер на италијанска Рома, се огласил преку социјалните мрежи обвинувајќи ја азербејџанската страна дека напаѓа цивилни подрачја.

"Продолжуваат тешките воени судири, постојат многу цивилни жртви на двете страни, исто така и територијата на Ерменија беше бомбардирана", рекол тој во пораката повикувајќи на моментално сопирање на "злосторството против човештвото".

Тој рекол и дека Турција мора го спречи секој вид на помош на оваа офанзива, вклучувајќи, како што навел, "регрутирање на странски терористи кои напаѓаат Ерменци", пренесува "ANSA".




Спонзорирани линкови

Маркетинг