Драматична снимка од Англија го шокираше светот: Полеал полицајци со бензин, луѓето извикувале "кој има кибрит нека ги пали"

Точка

29/09/2020

14:17

1.506

Големина на фонт

а а а

Драматична снимка од полициска интервенција во Есекс од мај мината година, била објавена во документарец на "BBC" и шокирала многумина. На неа се прикажани осум полицајци кои биле полеани со бензин од еден жител, а останатите извикувале: Запалете ги.

Целата ситуација започнала по дојава за опасно возење на еден мотоциклист (17). Полицајците тргнале во потера и по помалку од 10 километри го фатиле. Потерата привлекла голем број набљудувачи, а една жена излегла од својот стан и им се заканила на полицајците со чекан. 

После неа дотрчал и маж кој полицајците ги полеал со бензин. Еден полицаец рекол дека насобраните извикувале "кој има кибрит" и "запалете ги", но сепак не го напуштиле местото на настанот.

На местото дошле околу 90 припадници на полицијата и пожарникари кои успеале да ги спасат нападнатите полицајци. Неколку луѓе биле уапсени, а двајца полицајците завршиле во болница бидејќи проголтале бензин.

28-годишниот маж кој ги полеал со бензин е осуден на три години и 9 месеци затвор, на малолетникот му е издадена забрана за возење една година, додека жената која се заканувала со чекал е осудена на 9 месеци затвор и условна казна од 18 месеци поради посед на ладно оружје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг