Вработена во МВР во униформа се фотографирала полугола – идентитетот познат, покрената дисциплинска постапка

Точка

29/09/2020

14:30

16.133

Големина на фонт

а а а

Против оваа полицајка од Македонија покрената е дисциплинска постапка поради фотографијата во униформа која што ја објавила на социјалните мрежи.

На фотографијата која што кружи на социјалните мрежи се гледа полицајката која што се фотографирала во униформа со вратоврска меѓу градите.

Инаку, за вакво однесување во минатото биле казнети повеќе вработени бидејќи внатрешната контрола посочува дека е прекршен етничкиот кодекс на однесување кој што мора да се почитува од страна на вработените.

Според извори на „А1он“, станува збор за полициска службеничка со име и презиме Виолета Галева, која што била вработена во министерството пред 11 години, односно во јануари 2009.


Службеничката работела во Одделот за гранични работи и миграции, односно во секторот за гранична контрола и поддршка при единицата за странци и реадмисија.

Од МВР изјавиле дека случајот е веќе пријавен и дека надлежните служби веќе постапуваат.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапува во врска со случајот за кој прашувате“ - изјавиле кратко од МВР.




Спонзорирани линкови

Маркетинг