Ерменците се заканија дека ќе го употребат убиственото оружје од кое најмногу се плаши Азербејџан...

Точка

29/09/2020

15:51

4.226

Големина на фонт

а а а

Ерменија е стратешки сојузник на Москва на јужниот Кафказ, а без поддршката на Русија и руските ракетни системи, оваа мала земја чие население во минатото од Османлиите претрпело и геноцид, тешко дека би опстанала.

Министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов изјави дека вооружените сили на неговата земја имаат адекватен одговор на можната примена на ракетниот систем „Искандер М“ од страна на ерменската армија.

Иако Азербејџан е поголема и побогата земја, сепак Ерменците низ годините по распаѓањето на Советскиот сојуз се покажаа како далеку подобар противник на бојното поле, а во изминатите неколку години во Ерменија „се засилија“ со единици на еден од најмоќните руски ракетни системи - „Искандер М“.

Станува збор за универзален и повеќенаменски систем од кој можат да се лансираат крстосувачки и балистички ракети. Тоа му овозможува на системот да биде користен во локални конфликти, но и во случај на масовен конфликт и голема војна.

„Искандер М“ може да уништува непријателски ракетни системи, повеќецевни ракетни фрлачи, артилерија со голем домет, командни места и авиони и хеликоптери на аеродроми на растојание од 500 километри. Поради своите карактеристики, ова е најмоќното оружје на Кафказот и со тоа што е во посед на ерменската армија, секој чекор на азербејџанската армија е со доза на претпазливост.


Воениот експерт Дмитриј Корњев, главен уредник на порталот militaryrussia.ru, објасни дека на една ракета лансирана од „Искандер М“, во зависност од потребата, може да се постават различни боеви глави и различни системи на наведување.

Русија пред неколку години распореди вакви системи во Ерменија и практично „Искандер М“ е гарант за ерменската безбедност и главната причина што Азербејџан не употребува тешко вооружување и борбени авиони во дејствијата во спорниот регион Нагорно-Карабах.

Деновиве, ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тоганјан се закани дека Ерменија ќе биде приморана да го употреби „Искандер М“ доколку Турција испрати флота на „Ф-16“ борбени авиони како помош на армијата на Азербејџан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг