Точка ТВ: Едно од најстарите, најголеми и најхрабри – запознајте го најскапото куче на светот

Точка

29/09/2020

21:13

12.413

Големина на фонт

а а а

Вљубениците во домашните миленичиња едноставно не знаат за поголема љубов од нивниот најверен пријател - кучето. Овојпат ќе ви ја претставиме расата од која, едно куче било продадено за неверојатни два милиони долари.

Куче од овој златен тибетски мастиф, старо една година, со висина од 80 центиметри и тежина од 90 килограми, било продадено за 2 милиони долари.

Освен што тоа го усреќило Кинезот кој што го купил, тоа станало и најскапото продадено куче на светот, а тој рекорд го држи до денес.

Кој е тибетскиот мастиф?

Ова куче потекнува од тибетските култури - Tибет, Кина, Индија, Монголија и Непал, а било користено како чувар на тибетските манастири и од страна на локалните племиња за да ги штити овците од волци, леопарди, мечки, големи куни и тигри.

Има два вида од ова куче:

Drog-Khyi, што значи номадско куче или пак куче кое што може да се чува и врзе и

Tsang-Khyi, се однесува на манастирскиот вид кучиња, кои што генерално се повисоки и имаат потешки коски и поголема тежина.

Постојат многу легенди за нивното потекло, а една од нив вели дека тоа е „божјо куче“ затоа што претставува трансформација на тибетско свештеничко куче.


Овие кучиња имаат: лавовска грива, просечна тежина од 63 до 78 килограми и висина од 60 до 70 центиметри, а биле нeпознати сè до 1847 година кога еден примерок бил испратен на кралицата Викторијa како подарок.

Инаку, како и сите раси кучиња овчари, така и оваа раса е многу храбра, интелигентна и неверојатно верна на човекот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk