Восхит во кругот на научниците: Марс „крие“ езера поголеми од површината на Хрватска и Словенија заедно?

Точка

29/09/2020

11:46

3.002

Големина на фонт

а а а

Според податоците кои што научниците успеале да ги добијат, марсовското езеро се простира на 75 илјади квадратни километри. Грубо, тоа е како цела површина на Хрватска и Словенија заедно.

Црвената планета е сè поинтересна за научниците. Покрај тоа што има и големи и моќни невремиња, ветрови, па и „марсотреси“, научниците особено се воодушевени со пронаоѓањето на големите залихи вода под мразот на Јужниот пол на планетата Марс.

Радарите на Европската вселенска агенција, не само што го потврдиле постоењето на езерото (за што се пишуваше пред три години), туку открија уште три нови.

„Го идентификувавме истото водно подрачје, но пронајдовме уште три езера“ - истакнала Елена Петинели од Универзитетот во Рим.


За да откријат што се крие под површината на Марс, научниците користеле радар „MARSIS“, кој што испраќа радио бранови во длабочината и собира повратни информации за тоа што точно се наоѓа под површината.

Но, езерата на планетата Марс се многу поголеми од оние на планетата Земја, а според податоците кои што научниците успеале да ги добијат марсовското езеро се простира на 75 илјади километри квадратни.

Додека некои од научниците истакнуваат дека постоењето на водата на Марс може да сигнализира и постоење на живот, другите истакнуваат дека солената вода на овие езера всушност би убила секаков вид живот.


Имено, научниците се убедени дека водата од езерата е екстремо солена за да остане во течна агрегатна состојба поради недостатокот на атмосферата.

Некои дури веруваат дека водата не е течна во онаков облик каков што ние го познаваме на планетата Земја, туку дека се работи за густа смеса која што се дефинира како течна, а повеќе потсетува на густа смеса. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг