Итен состанок на советот за безбедност: Не престануваат судирите во регионот Нагорно-Карабах

Точка

28/09/2020

21:03

2.426

Големина на фонт

а а а

Како што јавува агенцијата "AFP", Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок. Темата на состанокот ќе биде конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан.

Во тек се судири меѓу ерменската и азербејџанската војска, додека во двете земји е прогласена воена состојба. 

Судирот на силите на Ерменија и Азербејџан во регионот Нагорно-Карабах продолжил утрово, а двете страни во таа област распоредиле тешко вооружување.

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан рекол вчера дека борбените дејства на Азербејџан се провокација, а претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев тврди дека ерменските сили отвориле оган и тоа исто така го нарекол провокација.

Ерменија и Азербејџан долго се во судир поради отцепениот азербејџански регион во главно населен со Ерменци, а граничните судири кои се појачувале во минатите месеци, во неделата наутро ескалирале.

Владата на Ерменија прогласила вонредна состојба и општа мобилизација поради ескалацијата на судирите во Нагорно-Карабах, а Азербејџан го направил истото.

Судирите избиле меѓу тамошните сепаратисти кои ги поддржува Ереван и силите на Азербејџан.

Тензиите меѓу двете земји избиле уште во 1988-ма година, како резултат на барањата на етничките Ерменци за независност на покраината Нагорно-Карабах во Азербејџан и обединување со Ерменија, во моментот кога се распаѓал Советскиот сојуз.

Самата војна околу територијата траела од 1992-ра до 1994-та година. завршила со целосна или делумна контрола на Ерменија над Нагорно Карабах и седум придружени територии.

Прекин на огнот бил договорен во 1994-та година при што бил ставен крај на крвопролевањата кои однеле 30.000 животи.

Граничните судири кои траат со години, повторно се засилиле минатите неколку месеци.

Во април 2016-та година на линијата на разграничување биле убиени најмалку 30 војници, на двете страни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг