Директорот на СЗО за Европа го прашале дали коронавирусот е природен: Неговиот одговор буди сомнежи...

Точка

28/09/2020

20:22

3.585

Големина на фонт

а а а

СЗО и понатаму не располага со целосни податоци за потеклото на коронавирусот и не знае дали тој настанал по природен пат или не, изјавил денеска регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Хенри Клуг и порачал дека истражувањата продолжуваат, пренесува „Танјуг“.

Клуг во интервју за руската агенција „TAS S“ рекол дека со тие прашања се занимаваат кинеските научници, а дека СЗО е повикана да учествува.

„Тоа е во тек, се разбира, нешто што е многу важно да го знаеме. Но, не можам да кажам ништо повеќе бидејќи тоа е во тек и не сакам да го загрозам тој многу важен процес. Најважно е дека ние сме дел од него“, рекол Клуг.


Зборувајќи за можноста за нова пандемија, Клуг рекол дека единственото прашање е кога таа ќе се случи.

„И ова го предвидовме и повторно нè затекна неспремни“, навел Клуг.

Тој проценил дека од оваа ситуација може да се извлече порака дека не станува збор за тоа дали ќе има нова пандемија, туку како светот да биде подобро спремен за неа. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг