Деца убиени во Багдад: 5 лица починале во нападот! Со Качуш гаѓале во аеродром, па погодиле семејна куќа

Точка

28/09/2020

19:44

1.652

Големина на фонт

а а а

Најмалку пет лица, вклучувајќи три деца, биле убиени кога ирачки милитантни групи истрелале две ракети 'Качуши', кои погодиле една куќа во Багдад, соопштила денеска ирачката војска.

Како што се наведува во соопштението, настрадале три деца и две жени, додека уште две биле ранети во нападот, пренесува „Ројтерс“.

Целта бил меѓународниот аеродром, навеле тие, пренесува „АП“.

Нападот е последен во низата ракетни и минофрлачки напади на американското присуството во Ирак, вклучувајќи ја и амбасадата на САД во Зелената зона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг