Јанкуловска спроведена во Идризово

Точка

28/09/2020

18:14

2.964

Големина на фонт

а а а

Ексминистерката за внатрешни работи од Владата на Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, попладнево е спроведена во затворот Идризово.

Јанкуловска во казнено-поправната установа Идризово ќе издржува четиригодишна затворска казна. 

Денеска попладне до Основниот Кривичен суд стигнала пресудата од Врховниот суд и со наредба на судија за извршување санкции Јанкуловска е спроведена во Идризово.

Јанкуловска е осудена правосилно на 4 години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластувања поради тоа што му наложила на помошникот-министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи мерцедес од речиси 600 илјади евра.

Директорот на затворот, Александар Донев, објаснува дека според степенот на ризик, ќе се утврди во кој дел на затворот ќе биде сместена Јанкулоска. Додека не се направи проценката, таа ќе биде сместена во приемното одделение. Во однос на безбедноста, тој вели дека не очекуваат да има проблеми.

Ексминистерката Јанкулоска беше осудена на шест години затвор, а, пак, Апелациониот суд ѝ ја намали казната на четири години. На ексминистерката ѝ се судеше во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост.

Поранешниот премиер Никола Груевски за овој случај веќе е осуден на две години ефективна затворска казна, а помошникот во министерството Ѓоко Поповски доби намалување од шест и пол на четири и пол години казна затвор на скопска Апелација.

Јанкулоска во завршните зборови на судењето побара ослободителна пресуда со образложение дека немала намера никому да влијае и да врши притисок.

Во однос на раздвоената постапка за предметот од обвинителството означен како „Тенк“ против Јанкулоска, од Основниот суд Скопје 1 информираат дека денеска предметот од Врховниот суд е вратен во Основниот кривичен суд Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг