На тетовираниот учител му забраниле да работи: Децата имале кошмари кога ќе го виделе

Точка

28/09/2020

17:21

3.074

Големина на фонт

а а а

Наставникот Силван Елан од Франција, чие тело, лице и јазик се покриени со тетоважи и чии белки во очите се црни, изјавил дека му е оневозможено да работи во градинка откако родителите се жалеле дека ги плаши нивните деца.

Елан и натаму подучува деца до шест години и рекол дека, по почетниот шок кога прв пат го гледаат, неговите ученици гледаат повеќе од неговиот изглед, пренесува "Reuters". 

"Сите мои ученици и нивните родители секогаш биле кул бидејќи во основа ме познаваа", рекол Елан, кој додал дека проценува дека минал околу 460 часа под иглите на тату-мајсторите.

"Само кога луѓето ме гледаат од далеку можат да го претпостават најлошото", нагласил тој.

Елан рекол дека минатата година предавал во градинка во Основното училиште Доктор Морер во Палезоу, предградие на Париз, кога родители на 3-годишно дете се зажлеле кај просветните власти.

Тие рекле дека нивниот син, на кој Елан не му предавал, имал кошмари кога ќе виделе. Неколку месеци подоцна властите го известиле дека повеќе не може да ги подучува децата во градинка.

"Јас мислам дека одлуката која ја донесоа беше прилично тажна", рекол Елан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг