Земјата ги користела ресурсите за да ја обнови војската, која се смета за приоритет на владата додека земјата се бори против Ерменија околу територијата Нагорно-Карабах.
Со нафта богатиот Азербејџан во последните две децении од несигурна независна млада земја се претворил во голем регионален енергетски играч.
Договорите со меѓународните произведувачи на енергенси и овозможиле на земјата да ги искористи енергетските ресурси за создавање на владин фонд за учество во меѓународни проекти.
Земјата исто така ги користела ресурсите за да ја обнови војската, која се смета за приоритет на владата додека земјата се бори против Ерменија околу територијата Нагорно-Карабах.
И покрај богатството и зголеменото влијание во регионот, развојот на Азербејџан продолжуваат да го попречуваат сиромаштијата и корупцијата.
Нападите на владата на борците за човекови права и новинарите предизвикуваат загриженост дека младата азербејџанска демократија е загрозена.
- Главен град: Баку
- Број на жители: 9,7 милиони
- Површина: 86.600 километри квадратни
- Главни јазици: азерски, руски
- Главна религија: Ислам
- Животен век: 69 години (мажи), 75 години (жени).
- Главен извоз: нафта, нафтени деривати
Илхам Алијев ја преземал претседателската должност од својот татко Хејдар во 2003-та година.
Алијев го обезбедил последниот мандат во 2018-та година, на избори за кои западните набљудувачи тврделе дека не ги исполниле демократските стандарди.
Законот кој не му дозволува на претседателот да служи повеќе од два мандати е укинат откако оваа измена била одобрена на референдумот одржан во март 2009-та година - создавајќи услови за трет петгодишен мандат за Алијев, почнувајќи од 2013-та година.
Гласачите на референдумот во 2016-та година ги одобриле и уставните промени за проширување на претседателските овластувања - вклучувајќи го и контроверзниот предлог да се намали старосното ограничување за претседателски кандидати.
Опозицијата тврдела дека намерата била да се обезбеди трајно владеење на семејството на претседателот Алијев, со 19-годишниот син планиран како потенцијален наследник.
Под негово владеење, Азербејџан го унапредил меѓународниот статус, станувајќи и домаќин на првите Европски игри во Баку во 2015-та година.
Но, групите за заштита на човековите права ја обвиниле владата за загрозување на слободите за истражување и апсење на активисти и новинари.
Во главните медиуми опозициски глас речиси и да нема, а критички настроените новинари ризикуваат апсење и затворање.
Најпопуларниот медиум е телевизија. Известувањето на сите канали во Азербејџан оди "преку владина воденица".
Како платформа за слободно изразување и активизам се користат социјалните мрежи, а водечка социјална мрежа е Фејсбук.
1828 - Според Туркменистанскиот договор меѓу Русија и Персија, Азербејџан се дели. Територијата на денешниот Азербејџан станува дел од Царска Русија, додека јужен Азербејџан станува дел од Персија. 20 години подоцна, јужно од Баку се појавува првата нафтена бушотина на светот.
1918 - Прогласена е независна Република Азербејџан, но земјата станува Советска Социјалистичка Република само две години подоцна, кога таму упаѓа Црвената армија.
1988 - Областа Нагорно-Карабах сака да стане дел од Ерменија. Етничките Азери почнуваат да ги напуштаат Карабах и Ерменија, а етничките Ерменци го напуштаат Азербејџан.
1991 - Азербејџанскиот парламент изгласува враќање на независноста.
1994 - Еренија, Азербејџан и Нагорно Карабах потпишуваат договор за помирување. Карабах останува под контрола на етничките Ерменци, како и големи делови на азербејџанската територија околу него.