Искористете го стариот леб кој ви останал и направете вкусен сендвич.
- 6 парчиња леб
- 3 јајца
- 50 гр. бело брашно
- 50 гр. презла
- 100 гр. шунка
- 100 гр. листови кашкавал
- 2 печени пиперки
- неколку парчиња кулен
- малку масло
На едно парче леб ставете кашкавал, па печена пиперка исечкана на ленти, шунка и 2 парчиња кулен. Ставете друго парче леб преку филот.
Јајцата разматете ги, а брашното и презлата ставете ги на фолија. Сендвичот извалкајте го во брашно, па во јајца и презла. Наредете ги лепчињата во подмачкана тава, капнете неколку капки масло за јадење одозгора и печете на 200 Целзиусови степени, 30-40 минути.
Добар апетит!