Galaxy A72 ќе биде првиот телефон на Samsung со пет камери на задната страна...

Точка

28/09/2020

16:07

2.307

Големина на фонт

а а а

Samsung пред неколку години го претстави паметниот телефон А9 кој беше првиот на светот со четири камери на задната страна, а јужнокорејската компанија наскоро ќе направи нов исчекор.

Ако може да им се верува на гласините, моделот А72 ќе има пет камери на задната страна. Тоа нема да биде првиот таков телефон на пазарот, затоа што таа титула му припаѓа на Nokia 9 PureView.

Сепак, тоа ќе биде првиот телефон со пет камери на задната страна на Samsung. А72 ќе има главна камера од 64 мегапиксели, ултраширока од 12, телефото од 8 (3х zoom), макро од 5 мегапиксели и сензор за длабочина од 5 мегапиксели.

Samsung би требало да ја искористи камерата од 8 мегапиксели која веќе ја има Galaxy S20 Fan Edition и да ја вгради во модулот на камерата од моделот А71 кој веќе има четири камери. Со тоа ќе се добие оптичка стабилизација на сликата.


Што се однесува до предната „селфи“ камера, се очекува еден сензор од 32 мегапиксели.

Компанијата има големи очекувања од моделите А72 и А52 и се надева дека ќе продаде вкупно 30 милиони уреди, што е повеќе од 10% од вкупната продажба на Samsung.



Спонзорирани линкови

Маркетинг