Бремената Криси Тиген завршила во болница после 1 месец крварење

Точка

28/09/2020

15:46

3.460

Големина на фонт

а а а

Криси Тиген е префрлена во болница откако за време на бременоста имала обилни крварења.

Домаќинката на музичкото ријалити шоу „The Lip Sync Battle“ го очекува своето трето дете, момче, со сопругот Џон Леџенд.

Тие двајца веќе ја имаат ќерката Луна (4) и синот Мајлс (2). Во неделата навечер, Криси споделила видео од својот болнички кревет, објаснувајќи дека крварењето се влошило откако веќе со недели лежела во кревет.

„Се одморав во кревет неколку недели и тоа беше буквално супер одморање во кревет“, објаснила во една прилика на Инстаграм.

„Станувам набрзина да појдам до тоалет и тоа е тоа, се капам двапати неделно без туширање. Колку е можно помалку. Постојано крварам. Отприлика сум на половина бременост, а крварам веќе еден месец - можеби нешто помалку. Но, зборувам за нешто што е подолго од вашата менструација. Многу луѓе забележуваат крварење и тоа обично е во ред, но моето е баш обилно“, рекла Криси.

„Наједноставно кажано, мојата плацента е навистина, навистина слаба“, додала манекенката.

Поранешната манекенка се обидела да ги смири обожавателите и зборувала за здравјето на нејзиното момче, па додала:

„Значи, се чувствувам навистина добро, бебето е здраво. Повеќе напредува од Луна или Мајлс. Многу се движи, и тоа почна да се случува многу порано од претходните двајца“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг