Што можеме да очекуваме од Honda во иднина: Погледнете го E:concept

Точка

28/09/2020

15:56

1.776

Големина на фонт

а а а

Honda на Саемот за автомобили во Пекинг претстави концепт на електричен SUV автомобил како најава за вториот продукциски модел на струја.

Јапонскиот производител се обидува да фати приклучок со автомобилските компании кои веќе имаат еден или повеќе електрични автомобили во понудата, па така неодамна беше претставен градскиот модел „Е“, а сега пристигнува и концетптот на електричен џип.

E:concept дебитираше во Пекинг и токму овој модел го покажува правецот кон кој ќе се движи јапонскиот производител во иднина.


Кога продукциската верзија на овој автомобил ќе се појави на пазарот (од Honda не го прецизираа датумот), овој џип ќе се бори на пазарот за купувачите во растечкиот сегмент на електрични SUV и кросовер возила.

Новиот електричен џип на Honda ќе се „бори“ со Nissan Ariya и Tesla Model Y, како и многу други електрични автомобили чии премиери веќе се најавени.


Технички детали и спецификации за погонот на E:concept засега не се објавени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг