Тарнер во месец јули ја доби својата ќерка со сопругот Џо Џонсон. Ѕвездата на серијата „Игра на тронови“ во неделата на социјалната мрежа Инстаграм почнала да споделува фотографии додека била бремена.
Тарнер на првата фотографија е облечена во темно-зелено бикини, а во прв план е нејзиниот труднички стомак.
На втората фотографија Тарнер носи пругасти розово-бели пижами, украсени со вез од хотелот „Bel Air“, додека пак другата рака ѝ е поставена на нејзиниот стомак.
На последната фотографија, Тарнер покажала како се дружи со своето куче во базенот - златен ретривер.
Инаку, Тарнер и Џонас во текот на првите месеци од нивното родителство уживаат во мирот и спокојот во нивниот дом во Лос Анџелес.
Меѓутоа, уште во месец август тие се огласиле на социјалните мрежи за да ги охрабрат луѓето да носат заштитни маски поради пандемијата коронавирус.
Тие сè уште не објавиле фотографија од нивната новородена ќерка.