Точка ТВ: Запознајте се со најстрашниот експеримент во историјата на науката – „Универзум 25“

Точка

28/09/2020

21:05

22.318

Големина на фонт

а а а

Сите барем еднаш си го имаме поставено прашањето: „Што би се случило со планетата Земја доколку истата стане пренаселена?“. Еден експеримент од 1972-та година, можеби може да ни покаже како би изгледало сето тоа.

Во 1972-та година, научникот Џон Калхун го изградил „Универзум 25“, џиновсиот кафез создаден како глодарска утопија.

Две години подоцна, глувците се истребиле, а еве и зошто. Во „Универзум 25“ на почетокот имало само осум глувци - четири женки и четири мажјаци.

До 560-от ден имало само 2.200 од нив, а потоа нивната бројка полека опаѓала до нивно целосно истребување.

Кога бројот на глувци го достигнал нивиот врв, женките почнале да одбиваат да се парат, додека пак оние кои што биле мајки, не сакале да се грижат за нивните младенчиња.

Поради недостатокот на сексуален однос мажјаците станале поагресивни.

Неколку издвоени места во внатрешноста на кафезот биле населени со глувци кои што Калхун ги нарекол „убавци“, поради тоа што само јаделе и спиеле.

Доколку ваквото однесување на глувците е слично на човечкото, дали може и ние да ја очекуваме истата судбина?

Забележано било дека однесувањето на глувците било слично како и однесувањето на луѓето населени на некои места на планетата Земја.

Кај нив ресурсите биле ограничени, а постоење опасност од надворешни фактори речиси и да не постоело.


Со текот на времето тие места станале пренаселени, а жителите почнале меѓусебно да се натпреваруваат за ресурсите кои што почнале да се намалуваат.

Едно е очигледно, експериментот со глувците ни покажува една јасна визија за нашата сегашност и иднина. Се поставува прашањето, дали природата сама ги уништува видовите кои што немаат природни непријатели и дали и нам не чека истата судбина?


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk