Одгледувач го напуштил овој померанец бидејќи бил „преголем за да го продаде“, а денес сигурно жали за тоа

Точка

28/09/2020

11:48

4.537

Големина на фонт

а а а

Иако денес на Инстаграм го следат 434 илјади луѓе, животот на Бертрам не бил отсекогаш гламурозен.

Имено, ова кученце го поминало поголемиот дел од животот во азил за животни откако одгледувач на померанци го оставил бидејќи било „преголемо за да го продаде“. Но, се се променило откако го забележала уметницата Кети Грејсон. 

Таа се заљубила во него на прв поглед и одлучила да го посвои. На почетокот објавувала фотографии од кучето на својот Инстаграм профил, но потоа сфатила дека луѓето се желни за повеќе содржини од преслаткиот померанец.

Кети му направила Инстаграм профил, а оттогаш Бертрам е вистинска ѕвезда. Денес, поголемиот дел од времето го поминува во уметничката галерија на својата сопственичка во Њујорк, каде има улога на „експерт за уметност“, а многу посетители не кријат дека доаѓаат во посета токму поради него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг