Како изгледа кога ќе се излеат 50.000 литри вино? Снимката од Шпанија ги преплави социјалните мрежи...

Точка

28/09/2020

11:33

2.982

Големина на фонт

а а а

Кога од пукнатините на челичните резервоари ќе почне да тече 50.000 литри вино, нема сомнеж дека тоа е огромен проблем за сопствениците.

Во винаријата „Bodegas Vitivinos“, во централна Шпанија, за само неколку минути сведоците виделе како изгледа „река од вино“.

Видео снимката која што се проширила по социјалните мрежи прикажува како од огромните резервоари се излеваат 50.000 литри вино, за само помалку од една минута и се разлеваат по бетонираното тло на фабричниот круг.

Потоа се гледа „бордо гејзер“, потоа и река од вино, но ароматичната течност набрзо се разлева на сите страни по тлото и под паркираните возила.

Виното и тенковите кои што се гледаат на снимката, припаѓаат на винаријата „Bodages Vitivinos“, која што е стационирана во централна Шпанија.

Инаку, винаријата е основана во 1969-та година, а годишно преработува по шест милиони тони грозје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг