Морски номади: На овој народ, водата му е природно живеалиште - на копно одат само кога мораат

Точка

28/09/2020

10:42

2.915

Големина на фонт

а а а

Децата речиси и да не знаат да одат по копно бидејќи се родени и израснати на вода.

Народот Баџау од Малезија живее речиси целосно на море односно на дрвени колиби над површината на водата. Кога одат, тие го прават тоа на штици кои се издигнати над површината на морето. 


Баџау ужива во водите на кристалното чисто море - дури и децата помали од 4 години знаат како се лови риба, октопод и јастог и тоа го прават со чамци со кои сами управуваат. Нуркачките способности им се неверојатни. Понекогаш се спуштаат и до 70 метри длабочина и можат долго да издржат под вода, без современа нуркачка опрема. Тие можат да нуркаат до 13 минути.


Овој народ заработува така што им продава риба и морски плодови на луѓето кои живеат на копно, купуваат намирници кои им се потребни од островот, а потоа повторно се враќаат во својата колонија на вода.


Постои една легенда која вели дека народот Баџау првично живеел во кралство. Нивниот крал имал ќерка која исчезнала во текот на една бура на море. По наредба, целото кралство заминало да ја бара, а со оглед дека никој не ја пронашол, луѓето одлучиле никогаш повеќе да не се вратат бидејќи не ја исполниле наредбата на кралот и бидејќи сметале дека повеќе не се достојни за живот на копно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг