Суперталентираниот Ансу Фати се претвори во главна ѕвезда во премиерниот меч на Барселона во новата натпреварувачка сезона во Ла Лига, бидјеќи 17-годишниот тинејџер ги постигна првите два гола за комотно водство против Вилјареал.
Роналд Куман беше презадоволен како одигра неговиот тим во првото полувреме и по уверливата победа од 4:0 посебно го пофали токму Ансу Фати, а новиот херој на каталонскиот гигант ги дочека своите пет минути и по средбата се најде пред микрофоните.
Младиот Фати откри дека негов штитеник во првиот тим е капитенот Лионел Меси, кој и покрај тоа што сакаше да си замине од Барселона, очигледно се грижи за сето она што е добро во клубот.
– Кога бев уште помал, мој сон беше еден ден да заиграм со Меси и судбината посака сега да го дочекам тој момент. За мене ова што се случува е остварување на сонот.
– Меси е неверојатен, секогаш ми помага и ми дава совети. Многу сум среќен од тоа како се однесува, навистина многу ми помага со своите постапки. Ми помага кога играме на теренот, но и секојдневно на тренинзите, – откри Фати.