Уапсен крадец во Тетово – од стан одзел златен накит вреден 700 илјади денари

Макфакс

27/09/2020

17:12

1.771

Големина на фонт

а а а

Околу полноќ од полициски службеници од СВР Тетово на ул.„180“ во Тетово бил приведен И.Џ.(42) од Тетово, поради сомнение дека на 26.09.2020, во периодот од 20.05 до 21.30 часот, влегол во станот на А.Џ.(40) од Тетово, без да ја оштети влезната врата и одзел поголема количина златен накит. Со тоа предизвикал штета од околу 700.000 денари.

При преглед кај И.Џ. биле пронајдени одземените предмети, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг