Како инфлуенсерите мамат на Инстаграм: Ова воопшто не е внатрешност на приватен авион

Точка

27/09/2020

16:25

9.520

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерите прават сè за добра фотографија, но не е тајна дека многумина од нив доста часови поминуваат додека се фотографираат, а потоа многу време трошат на уредување на онаа која сакаат да ја објават.

Некои од нив одат чекор понатаму и целосно лажираат некој момент на фотографиите, а најновата идеја помеѓу американските инфлуенсери е фотографирање во студио кое изгледа како внатрешност на приватен авион. Многу инфлуенсери, од кои некои имаат повеќе од милион следбеници, користат услуги на вакви студија и не само што ги лажат своите следбеници дека патуваат со приватни авиони, туку лажат дека воопшто отишле некаде.

View this post on Instagram

Fly ?? @aisha_mian @islandkiss

A post shared by The 7 Angels ?? (@thee7angels) on

„Штотуку дознав дека девојките од Л.А. користат фотографско студио кое е уредено како приватен авион. Неверојатно е како сè што гледаме може да биде лажно - облека, тело, па дури и просторот на фотографијата“, напишала една девојка на Твитер и ги споделила фотографиите од студиото.

Американската агенција „Peerspace“ едно такво студио изнајмува за фотографирање, а еден час фотографирање чини околу 60 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг