Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Јом Кипур

Макфакс

27/09/2020

15:37

1.383

Големина на фонт

а а а

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на Eврејската заедница во земјава.

„Јом Кипур има уникатно место во еврејскиот календар. Една од клучните пораки на овој празник на покајанието, искупувањето и помирувањето е дека не е предоцна за да се сврти нова страница во животот, да се биде благодарен за благословите во сопствениот живот и да се биде благослов во животите на другите луѓе и во општеството“, се наведува во претседателската честитка.

Пендаровски на сите припадници на Eврејската заедница во Република Северна Македонија од сè срце им посакува празникот да го поминете во добро здравје, среќа и љубов.

„Молитвите и постот нека Ви донесат утеха, духовен мир, поттик за добри дела што ги рушат бариерите меѓу луѓето и заедниците. Малите дела на добрина, хуманост и солидарност можат да направат голема разлика, особено во време кога се соочуваме со глобалната пандемија со Ковид-19. Затоа, иако малубројна, Еврејската заедница со своите вредности има голем удел во негувањето на човечкото достоинство и заемното почитување во македонското мултиетничко, мултијазично и мултиконфесионално општество“, вели претседателот кој честитката ја завршува со пораката G’mar chatima tova.



Спонзорирани линкови

Маркетинг