Гнасен чин во Бундеслига – го покоси противникот, па го плукна

Макфакс

27/09/2020

11:39

2.696

Големина на фонт

а а а

Гнасен чин ги засени вчерашните мечеви во второто коло во Бундеслигата. На мечот Шалке – Вердер, во 28 минута, дефанзивецот на домашниот тим Озан Кабак со остар старт го сруши противничкиот играч Лудвиг Аугустинсон кој притоа беше во полн трк. Играчот падна на тревникот и се тркалаше се до работ на играчиштето.

Тогаш Кабак дотрча до него и плукна кон него.

Помина неказнето за тој потег, но сепак до крајот на мечот дефанзивецот имаше уште два непромислени старта, па заработи црвен картон .

Тренерот на Вердер остар по прегледаната снимка.

„Тоа е чист црвен картон, но пред се на тоа секако не му е место на фудбалскиот терен“ – рече Флориан Конфилт.

Подоцна Кабак на социјалните мрежи се извини за неразумниот потег.

„Сакам да му се извинам на Аугустинсон. Не ми беше тоа намерата да го сторам, беше случајно, не плукав кон него, аголот на телевизиските камери дава погрешен поглед на ситуацијата“ вели тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг