Бред Пит проговори за врската со 29 години помладата манекенка: Само едно имал да каже...

Точка

26/09/2020

22:16

6.400

Големина на фонт

а а а

Актерот Бред Пит (56) веќе неколку месеци е во врска со нова девојка, 27-годишната германска манекенка Никол Потуралски, која дури ја однел на романтичен одмор во дворецот во Франција каде се венчал со поранешната сопруга, 45-годишната актерка Анџелина Џоли.

Извор близок на ѕвездата од филмот „Си беше еднаш во Холивуд“, потврдил дека Бред се чувствува среќно во врската и не се оптеретува со коментарите за новата девојка, ниту пак со поранешната сопруга Анџелина Џоли, со која следниот месец ќе ја води последната битка на суд околу старателството над нивните шест деца. Освен тоа, Бред не сака да открива премногу за својот приватен живот и одлучил да не се меша во потенцијалните идни конфликти помеѓу Никол и Анџелина.


„Бред не беше премногу изненаден што сите зборуваат за неговата нова врска. Во оваа фаза од неговиот живот, Бред едноставно е среќен што пронајде некој кој го сака, 'пази и мази'“, рекол извор близок на актерот и додал дека Пит во доверба му кажал дека сега се чувствува сакано и чувано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг