Била злоставувана од врсниците, работела во кафуле облечена како банана...: Актерката имала бурен живот, а поради ова деновиве е главна тема

Точка

26/09/2020

17:50

6.766

Големина на фонт

а а а

Меган Фокс се прослави откако едно списание за мажи ја прогласи за најсекси жена на светот во 2008 година.

Нејзините родители, Глорија Дарлен и Френклин Томас Фокс, се развеле кога таа имала 3 години. Во едно интервју, актерката раскажала дека нејзината мајка и татко биле многу строги и дека никогаш не ѝ дозволувале да има момче или да кани пријатели во нивниот дом. 

Почнала да посетува часови по глума и танцување на 5-годишна возраст, а на 10-годишна возраст се преселила во Флорида, каде завршила католичко училиште. Меган честопати била злоставувана од децата на училиште.

„Страдам од комплекс на пониска вредност и постојано се плашам да не бидам исмеjана“, истакнала актерката и признала дека е ранлива, но агресивна.

Живеела со нејзината мајка додека не собрала доволно пари за да започне да живее сама. На 17 години се преселила во Лос Анџелес со своето момче, а неговото име никогаш не сакала да го открие. Таа ја изгубила невиноста со него и во едно интервју изјавила дека станувало збор за вистинска љубов и необичен секс. Живеела скромно и никогаш не барала пари од своите родители. За да ја плаќа киријата, Фокс се вработила во кафуле во кое работела облечена во банана.

„Можев да бирам помеѓу јаболко и банана и ја избрав бананата бидејќи изгледав повитко во неа“, изјавила Меган која верува дека имала нормална младост.

Таа ги имаше најважните улоги во филмовите „Transformers“, „Friends with Kids“ и „This Is 40“. На снимањето на серијата „Hope & Faith“ го запознала нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг Брајан Остин Грин, ѕвездата на американската серија „Beverly Hills 90210“. Брајан ја запросил сексапилната актерка на плажа во луксузен хотел на Хаваи.

Поради несогласувања во бракот, Меган во мај реши да поднесе барање за развод. Таа сега е во врска со младиот рапер Машин Ган Кели, со кого соработувала на еден проект, а многумина велат дека токму поради него и се развела од Грин. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг