Истражување: Новата ера може да почне, на Марс ќе се одгледува и ова растение – последните откритија овозможуваат колонизација на „Црвената планета“?

Точка

26/09/2020

12:30

1.888

Големина на фонт

а а а

Научниците првпат успешно креирале метод на криопрезервација за одгледување авокадо, а на тоа работеле над 40 години.

И покрај тоа што се сметало дека членовите на посадата кои што ќе престојуваат на Марс имаат мени од намирници, воглавно од компир, научниците моментално работат на тоа на таа листа да го додадат и авокадото.

Истражувачи од Универзитетот во Квинсленд, осмислиле метод кој како смрзнати, може да сочува и делови од авокадо, а потоа да ги „оживее“ за да пораснат во здраво растение.

Изданоците се ставаат во алуминиумска фолија и се чуваат во течен азот.

„Претпоставувам дека можеме да кажеме дека станува збор за авокадо како вселенска ера, подготвено е да биде замрзнато и префрлено на Марс кога човечкиот лет ќе стане возможен“ - изјавила професорката Нина Мајтер.

Тимот тргнал во оваа мисија за да го пронајде решението за водата. Значи, не само да се обезбеди храна на другата планета, туку и одредени растенија да се сочуваат и за потребите на планетата Земја.

Инаку, ова не е првпат научниците успешно да креираат ваква метода, поради тоа што на тоа се работело повеќе од 40 години.

„Целта е да се сочуваат поважните видови авокадо и клучната генетска особина на ова растение од можните уништувачи како што се штетници и болести, што не е реткост на Флорида каде што авокадото многу се одгледува“ - објаснил Крис О'Брајан од Универзитетот во Квинслент.

„На течниот азот не му е потребна електрична енергија за да ја одржува температурата, па успешното замрзнување на авокадото е ефикасен начин за да се сочува растителниот материјал, ако може така да се каже“ - додаваат научниците.

Инаку, криопрезервацијата вообичаено се користи за замрзнување сперматозоиди и јајце клетки, меѓутоа постапката исто така се користи и кај некои растенија, вклучувајќи банани, винова лоза и јаболка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг