Нејмар со краток коментар одговори на жестоката објава на Меси за заминувањето на Суарез

Дерби

25/09/2020

19:44

4.843

Големина на фонт

а а а

Пораката која му ја посвети Лионел Меси на својот добар пријател Луис Суарез крена голема прашина во Шпанија во текот на денешниот ден, бидејќи Аргентинецот уште еднаш јасно стави до знаење дека има навистина расипан однос со управата на клубот.

„Отровните стрели“ кои ги испрати капитенот на тимот беа директни и искажани без влакна на јазикот, па не е зачудувачки што неговата објава на Инстаграм предизвика илјадници реакции.

– Заслужи да те испратат како што доликува, како еден од најважните играчи во историјата на Барселона, освојувајќи ги најважните награди. Не заслужи да те исфрлат како што направија. Вистината е дека во овој момент, веќе ништо не ме изненадува, – гласи „најотровната стрела“ која ја испрати Меси.

Во низата на реакции на објавата на Аргнетинецот, за издвојување е и краткиот коментар на Нејмар, кој очигледно исто така е шокиран од начинот на кој Суарез беше избркан од Барселона.

– Неверојатно е како ги извршуваат работите, – гласи краткиот коментар на Нејмар со емотикон за неверица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг