Алваро Мората денеска и официјално беше претставен како нов играч на Јувентус, промоција на која стана јасно дека Шпанецот ќе биде новата „Деветка“ на италијанскиот шампион.
Мората веќе имаше една двегодишна успешна етапа во Торино пред Реал Мадрид да го врати во своите редови, но сега судбината му овозможи да има втора шанса во Торино, која за него е далеку поразлична од повеќе аспекти.
Не само што е поискусен и позрел како играч и напаѓач, Мората е збогатен и од друга гледна точка, бидејќи пред четири години си замина од Торино само со својата девојка, а сега се враќа со неа како сопруга и уште три деца (две родени и едно е на пат).
– Јувентус е мојата животна шанса, нависитна е убаво да се вратите на место кадешто сте станале подобар играч и подобра личност. Од тука си заминавме двајца пред четири годиним а сега се враќаме петмина. Мислам дека напредував во секој поглед, – изјави Мората кој сега за свој тренер ќе го има поранешниот соиграч Пирло.
– Знаев дека има тренерска лиценца, тој е човекот кој му е потребен на Јувентус. Бев негов соиграч, но потребни ми беа само два тренинзи за да сфатам каде дојдов, за да бидам импресиониран од неговата работа како тренер, – изјави Мората на промоцијата.