Елена Ристеска за Точка ТВ: „Мојот сон стана јаве. Многумина имаат соништа, но не секој се охрабрува да ги исполни“

Точка

25/09/2020

21:23

8.826

Големина на фонт

а а а

Иако е општо познато дека Елена Ристеска не така едноставно прифаќа покана за интервју, овој пат има голем повод за да им се обрати на своите обожаватели.

Имено, за оние кои можеби многу не се упатени во карирата на Ристеска, таа започна своја козметичка линија, која го носи името „ERA COSMETICS“. Првиот продукт кој го претстави Елена е машки и женски парфем - „ERA парфем“.

Иако ова не е нешто невидено, сепак, целиот процес до реализација на оваа идеја е нешто уникатно, необично, нешто што не се практикува толку многу кај нас - врвен производ, кој со својот целокупен промо-материјал им создава посебно чувство на купувачите.

Елена Ристеска на јавноста ѝ е позната како доста успешна пејачка и текстописец, па, се разбира, неизбежно беше да прашаме дали повторно ќе ѝ се врати на музиката и до кога планира да 'паузира' од неа.

Последниве две години ѝ се апсолутно посветени на нејзиниот бренд. Ристеска била до Лос Анџелес за да сними дел од песната „The Reason“ - за рекламата на нејзиниот производ, додека видеото е направено во Мајами. Елена истакнува дека без Дејан Димковски, Душан Кардалевски, Блаже Дулев, Њујорк Рики, Арменд Рамадани и Иван Јованов - рекламата не би била тоа што е.

Позади секој успешен проект стои огромна организација со стручен тим. Токму таков е и тимот на Елена. Технологот Владо Баевски, нејзината сестра Драгица Ристеска се само дел од клучните луѓе за овој долг и макотрпен процес, вели Ристеска.

Инаку, пејачката ексклузивно нѝ откри и дека пишува книга, од периодот кога сите бевме ставени во карантин, и откри дека нејзините обожаватели ќе можат да прочитаат доста работи кои можеби порано не ги слушнале или знаеле за неа.

Втората ексклузива која со задоволство ви ја пренесуваме за Елена е тоа дека пејачката веќе работи на случајот за повторно враќање на музичката сцена, за што повеќе може да слушнете во видеото.

Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk