Асанж го проучувал самоубиството на Праљак: Помислува на тоа по илјада пати дневно...

Точка

25/09/2020

15:01

1.090

Големина на фонт

а а а

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж откри дека внимателно го гледал самоубиството на поранешниот босански генерал Слободан Праљак во Хашкиот суд пред три години и размислувал за самоубиство додека бил во еквадорската амбасада во Лондон.

Ова го откри докторката Сондра Крозби за време на сослушувањето во лондонскиот суд, пренесуваат британските медиуми. Таа меѓу другото изјави дека забележала видно влошување на менталното и физичкото здравје на Асанж за време на нејзините четири посети во амбасадата на Еквадор каде што живееше основачот на Викиликс.

За време на првите посети во февруари 2018-та година, таа открила дека Асанж размислува за самоубиство и повеќе пати го гледал самоубиството на Слободан Праљак.


Според нејзините зборови, Асанж ѝ признал дека го сопирал кадарот во моментите кога Праљак го пие отровот и го анализирал неговото лице.

Адвокатите на Џулијан Асанж истакнаа дека тој навистина би можел да изврши самоубиство доколку го испратат во САД каде се товари за шпионажа. Тие укажаа на влошувањето на неговото ментално здравје за време на седумгодишниот престој во еквадорската амбасата и во британскиот затвор од 2019-та година.

Крозби откри дека за време на посетата на Асанж во затворот „Белмарш“ во Лондон во октомври минатата година, забележала дека Асанж е многу депресивен и дека говорел дека размислува за самоубиство илјада пати дневно.


Психологот Најџел Блеквуд од друга страна изјави дека со ризикот од самоубиството кај Асанж „може да се управува“.

„Факторите на ризик може да се променат. Асанж е многу издржлив и снаодлив човек кој е на најблагиот крај од спектарот на аутизам. Сепак, тој работеше на високо ниво во водењето на една успешна организација“, изјави Блеквуд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг