Преку интернет нарачал кинески електричен спортски автомобил, а му дошла "играчка"

Точка

25/09/2020

14:20

2.758

Големина на фонт

а а а

Еден американски купец одлучил преку интернет во Кина да нарача електричен спортски автомобил. Користел кинеска интернет продавница, и за 31.000 долари купил "Quiantu K50".

При сето тоа, не му било чудно што Кинезите овој автомобил во салоните го продаваат за околу 100.000 долари. Во главно, продавачот се обврзал да му го достави автомобилот на домашна адреса, и тука веќе почнале првите проблеми, пишува "Ревијахак". 

Наместо на домашниот праг, автомобилот пристигнал во Лос Анџелес, на 400 километри подалеку од адресата на која требало да биде испорачан.

Кога купецот дошол по автомобилот, го изненадил малиот контејнер, а кога го распакувал сфатил и зошто има толку скромни димензии.

Наместо нарачаниот "спортист", внатре се криело розе автомобилче, уште помала копија на "Smart"... Тој автомобил е толку бавен што го пристигнуваат и велосипедисти, а максималната брзина му е за околу 35 км/ч.

Целата приказна завршила на Youtube, а уследила лавина од негативни коментари на сметка на продавачот. На крајот притисокот од јавноста го натерал на купецот да му ги врати парите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг