Ѕирнете во највисоката вила во Сан Франциско

Точка

25/09/2020

14:30

3.232

Големина на фонт

а а а

Погледот е еден од главните приоритети при купување и изградба на нови домови...

Една нова градба, лоцирана во Кларендон Хајтс, во Сан Франциско, ќе ви го понуди најдобриот можен поглед на градот. Според наводите, вилата вредна 22 милиони долари се наоѓа на врвот на планината Сутро, на околу 300 метри надморска височина, поради што е прогласена за резиденција на највисока надморска височина.


Вилата, чија површина е околу 700 квадратни метри создадена е како дело „John Maniscalco Architecture“ пред две години, а е во сопственост на Том Бутгенбах, бизнисмен од соларната индустрија. Ова е првпат оваа вила да се најде на пазарот.


Сместена на аголна парцела, таа на своите нови сопственици ќе им понуди шест спални соби и седум купатила, максимално користејќи ја својата позиција со многу прозорци. Можете да го видите цел Сан Франциско од дневната соба, главната спална соба и секако, со терасата на покривот.


Долното ниво на вилата е дизајнирано како простор за забава, со вински подрум и бар, како и спа центар со сауна. Исто така, има уште едно ниво подолу, во кое има пространо ателје во кое може да се смести работна маса, полици и многу други предмети. Има и една спална соба и купатило, што е одлично за оние ноќи кога не можете да се одвоите од работата.


Во надворешноста, можеме да видиме совршено одржувана градина, која е создадена како сорабока помеѓу пејзажниот архитект Брајан Кох и градинарот Валтер Лаинг. Исто така, дел од вилата е и тераса што ја отвора дневната соба кон величенствен поглед. Самиот имот нема базен во вистинска смисла на зборот, но има џакузи.


Доколку овој дом се продаде по цена од 22 милиони долари, тој лесно ќе стане најскапиот во овој дел од светот. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг