Четворица избодени со нож кај поранешната канцеларија на „Шарли Ебдо“: Напаѓачот уапсен, двајца во критична состојба

Точка

25/09/2020

14:27

929

Големина на фонт

а а а

Четири лица денес се нападнати со нож и повредени во близина на поранешната канцеларија на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“, потврди францускиот премиер Жан Кастекс.

Според неименуван извор од париската полиција, две од четирите повредени лица се во критична состојба, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Париската полиција соопшти дека е уапсено едно лице за кое се верува дека го извршило нападот.

Од париската полиција соопштија дека иако на почетокот се претпоставувало дека станува збор за двајца напаѓачи, тие сега веруваат дека тоа било само едно лице кое било фатено и приведено во близина на плоштадот Бастиља во источниот дел на Париз.

Засега мотивот за нападот не е јасен, како и тоа дали има некаква врска со сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“. Магазинот ги пресели своите канцеларии после нападот на исламските екстремисти во 2015-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг