Од 50 шолји кафе до зборување со мртвите: 6 чудни навики на познатите писатели

Точка

25/09/2020

12:32

2.104

Големина на фонт

а а а

Писателите честопати нѝ делуваат како нереални суштества кои практикуваат необични навики. Понекогаш тие се популарни и покрај нивниот талент, односно токму поради нивните необични каприци, пишува „Tell-a-tale“.

Погледнете какви навики имале некои од нив: 

Гертруда Штајн

Инспирацијата ја наоѓала во рутинските задачи без разлика каде се наоѓала. На пример, таа можела да започне да пишува додека седи во автомобил додека нејзиниот партнер бил во продавница. За неа, зафатените улици и сообраќајниот метеж во Париз биле силен извор на инспирација, пренесува „Laguna“.

Владимир Набоков

Набоков користел индекс картички на кои пишувал романи. Ги чувал во мала кутија и можел да ги преуреди во било кое време. Под перницата чувал и неколку такви картички, во случај одеднаш да добие идеја. Така, тој секогаш бил подготвен да запише.


Џејн Остин

Џејн Остин длабоко се грижела за нејзините ликови. Таа толку се грижела што ги замислувала нивните идни животи дури и откако завршувала со пишување на романите.

Артур Конан Дојл

Иако неговиот Шерлок Холмс е исклучително разумен јунак, самиот Конан Дојл лично не бил толку рационален. Тој се посветил на спиритуализмот по смртта на неговиот син во Првата светска војна и дури се обидел да разговара со мртвите. Тој исто така верувал дека неговиот пријател Хари Худини имал магични моќи, без разлика колку Худини го уверувал во спротивното.


Оноре де Балзак

Оноре де Балзак пронаоѓал инспирација за пишување на своите дела, пиејќи кафе. Така, тој знаел да испие и до 50 шолји кафе на ден. Студиите покажуваат дека Балзак речиси воопшто и не спиел додека го пишувал романот „Чичко Горио“. Очигледно причината за тоа била количината на кафе која ја пиел.

Ден Браун

Браун верува дека најдобриот лек за надминување на блокадата при пишување е да висите наопаку. Тој тврди дека оваа „терапија“ му помага да се опушти и да се концентрира на пишувањето. Тој исто така чува песочен часовник на својата работна маса и ја одложува работата секој час за да се истегне и да направи склекови и вежби за стомачни мускули.



Спонзорирани линкови

Маркетинг