Никогаш не е доцнa: 96-годишен дедо целиот живот работел тешки работи, но се откажал од сонот да заврши факултет! Сега е студент на генерацијата

Точка

25/09/2020

12:08

1.253

Големина на фонт

а а а

Џузепе Патерно имал нешто повеќе од 80 години кога во 2017-та година се запишал на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Палермо. Денеска, на 96 години, има диплома по историја и филозофија во рака и е најдобар студент на својата генерација.

Вели дека отсекогаш читал со задоволство, но дека не можел да студира бидејќи потекнува од сиромашно семејство со шест деца. Како најстар рано почнал да заработува, а студирање не доаѓало во предвид. 

Џузепе растел на сиромашната Сицилија, а како тинејџер бил мобилизиран во војската, односно во морнарицата, пишува "Frankfurter allgemeine zeitung". Подоцна се вработил во железницата, се оженил и добил две деца. Преку ден работел, навечер читал. Имал веќе 30 години кога го надоместил пропуштеното и завршил гимназија, но тоа не било доволно да се задоволи неговата глад за знаење.


"Знаењето е куфер кој секогаш го носам со себе, скапоценост", вели денес.

Кога се запишал на факултет, тоа не било хир. Имал план и долг список на книги за читање, а се правел со големо задоволство.


Секое утро станувал во седум часот, појадувал, читал, а потоа одел на предавањата. Потоа ручал на брзина, имал попладневен одмор, а попладне имал семинарски вежби. Потоа вечерал и читал до полноќ. За писмените работи користел машина за пишување, забавите со колегите ги прескокнувал, бидејќи имал друга работа. А потоа се појавил коронавирусот.

Повеќе не можел да оди на предавања, наставата се одвивала преку интернет. Патерно ни тоа не го спречило: купил компјутер и веднаш научил да го користи. Сега дипломирал, како студент на генерацијата.


"Тоа е еден од најсреќните денови во мојот живот. Би сакал мојата сопруга да може да ме види. Почина пред 14 години", вели Џузепе.

Вели, меѓутоа, дека има уште планови. Размислува да запише мастер:

"Размислувам да продолжам со студиите. Мојата мајка живееше 100 години. Ако генетиката е на моја страна, ми остануваат уште четири години".




Спонзорирани линкови

Маркетинг