Три занемарени извори на протеини кои го штитат вашето здравје

Точка

25/09/2020

11:47

4.154

Големина на фонт

а а а

Протеините можеме да ги најдеме и во овие три занемарени извори, затоа повеќе треба да јадеме киноа, чиа семе и путер од кикирики.

Киноата е добар извор на витамини и минерали како магнезиум, калиум и фосфор. Но, исто така е одличен извор на протеини. За разлика од другите слични извори на протини кои не се од животинско потекло, киноата ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини. Во сто грама киноа има 4 грама од оваа важна супстанца и приближно 370 калории. Јадете киноа наместо ориз и леб, додајте салата, а од неа може да направите и слатки закуски.


Чиа семето е најдобар доказ дека моќното 'оружје' доаѓа во мали пакувања. Овие минијатурни семиња содржат значителна количина прехранбени влакна, железо и калциум, магнезиум и цинк. Покрај тоа се одлични извори на протеини и омега 3 масни киселини и се наметнуваат како неизбежна состојба во исхраната. Во две лажици чиа семе има речиси 10 грама протеини. Немојте никогаш да ги јадете суви, туку прво потопете ги во вода, млеко или јогурт десетина минути.


Внимателно изберете путер од кикирики. Читајте ја декларацијата и купете теглички кои содржат висок процент на кикирики, а избегнувајте ги оние богати со шеќери. Во 100 грама путер од кикирики има дури 32 грама протеини. Ако сакате да ја зајакнете вашата мускулатура, покрај дневните тренинзи вклучете консумирање на оваа вкусна намирница. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг