Коки со отворено писмо до Дуле: „Брат, не знам дали да се смеам или плачам, сè ми доаѓа дека ќе се појавиш однекаде“

Точка

24/09/2020

20:55

7.166

Големина на фонт

а а а

На 23-ти септември македонската јавност беше во шок, откако медиумите потврдија дека почина Душан Љубисављевиќ-Дуле, пејачот од познатото дуо „Дуле и Коки“.

Вчера навршија точно седум години од немилиот настан, а по тој повод на социјалната мрежа Фејсбук се огласи виолинистот Никола Јанков-Коки.

Тој му посвети писмо на Дуле и му порача дека не е заборавен и дека и денес кога свири очекува однекаде тој да се појави.

„Се враќам од свирка, од Струмица брат, па ми се сврте во главата и викам да напишам уште едно писмо, ама ова ќе биде последно. Не те замарам повеќе, да не речеш, абе Кочо седум години ми досадуваш, дај олабави.

Брат, не знам дали да се смеам или да плачам. Знаеш, сè си мислам дека однекаде ќе дојдеш и тоа најчесто кога свирам ми се случува, абе фатаморгана.

Можеби па дури сега сфаќам дека навистина те нема...“ - го започнал писмото Коки.

Прочитајте го целото писмо во објавата на Коки:

Se vrakam od svirka, od Strumica brat, pa mi se svrte u glavata, i vikam da ti napisam uste edno pismo..ama ova ke bide...

Posted by Koki Jankov on Thursday, September 24, 2020




Спонзорирани линкови

Маркетинг