МВР го утврди идентитетот на полицајците кои брутално тепаа човек на улица

Нетпрес

24/09/2020

20:07

4.668

Големина на фонт

а а а

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што јавноста ќе биде соодветно информирана.

Ова се наведува во денешното соопштение од МВР во врска со видео материјалот што денеска беше објавен на социјалните мрежи, а на кое, како што стои, се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници.

На социјалната мрежа Фејсбук денеска беше објавено видео во кое се гледа како полициски службеници брутално претепуваат човек на улица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг