KIA откри детали за новиот Stinger

Точка

24/09/2020

20:41

2.998

Големина на фонт

а а а

Корејскиот модел на европскиот пазар ќе биде достапен само со еден агрегат, односно само со 3,3-литарскиот twin-turbo V6 мотор.

Од KIA соопштија дека палетата на мотори е намалена затоа што најголемиот дел од купувачите се одлучувале за V6 моторот кој со новото освежување доби и нешто поголема моќност, па сега располага со 373 коњски сили.

Тоа му овозможува на освежениот Stinger од 0 до 100 километри на час да забрза за 4,9 секунди, со што овој модел стана најбрзиот автомобил на KIA кој некогаш се продавал на европскиот пазар.


Од јужнокорејската компанија соопштија дека моделот со волан на левата страна ќе добие погон на сите четири тркала, додека моделот со волан на десната страна ќе има погон само на задните две тркала. Twin-turbo V6 агрегатот и натаму останува достапен само со 8-степенски автоматски менувач.


Визуелните промени кај екстериерот се навистина минимални, додека пак поголеми промени има во внатрешноста на автомобилот. Секако, зголемен е екранот за контрола на инфотејнмент системот кој сега има дијагонала од 10,25 инчи. Покрај тоа, на инструменталната табла опционално може да се најде и дисплеј од 7 инчи.

KIA воведе во понудата и адаптивен темпомат, но и мониторинг на мртов агол.


Јужнокорејската компанија се надева дека освежениот Stinger ќе го привлече вниманието на купувачите во Европа и ќе ја зголеми продажбата која на Стариот континент досега не блескаше. Откако овој модел се појави на европскиот пазар во 2017-та година, испорачани се нешто повеќе од 10 илјади примероци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг