LG претстави три нови паметни телефони, во Европа пристигнуваат идниот месец

Точка

24/09/2020

20:01

1.982

Големина на фонт

а а а

Јужнокорејската компанија претстави три нови паметни телефони - станува збор за K62, K52 и K42.

Станува збор за телефони од „средната класа“ кои можат да се пофалат со прилично солиден хардвер. Трите модели доаѓаат со 6,6-инчен HD+ екран со формат од 20:9. К62 и К52 имаат главна камера од 48 мегапиксели, како и ултраширока и макро камера.

Покрај тоа, имаат и сензор за длабочина од 2 мегапиксели, а К52 се разликува само по главната камера од 13 мегапиксели. Сите три модели имаат батерија со капацитет од 4.000 mAh, а работат на оперативниот систем Android 10.

Кога станува збор за моделот К62, а на предната страна се наоѓа камера од 28 мегапиксели. К52 има селфи камера од 13, а К42 од 8 мегапиксели.


К62 и К52 „под хаубата“ имаат 2,3 GHz осумјадрен процесор во комбинација со 4 GB RAM меморија, додека К42 доби 2 GHz осумјадрен процесор со 3 GB RAM меморија. Разлика има и во интерната меморија, па така К62 има 128, а преостанатите два модели по 64 GB интерна меморија. Кај сите три модели интерната меморија може да се прошири со помош на MicroSD мемориска картичка.

Сензорот за отпечатоци на прсти е поставен бочно, а ниту еден од моделите не ја поддржува новата 5G мрежа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг