Андријана Јаневска на својот Фејсбук профил соопшти дека ќе ја претставува Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди. Јаневска соопшти дека се работи за песната „One Human“, која ќе ја снима следната недела.
„Чест ми е да ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach. Мој единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставувам Република Македонија. Денеска го потпишав договорот и следната седмица ќе ја снимам песната“, напиша Андријана на социјалните мрежи.
Чест ми е да Ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за...
Posted by Andrijana Janevska on Среда, 23 септември 2020