Каролина Гочева и нејзиниот сопруг Михаил Корубин, вчера прославиле три години од нивниот брак.
Пријателите на пејачката споделиле фотографии од нивната венчавка за која, пред три години речиси цел месец се пишуваше.
Ова беше еден од оние незаборавни настани на кој присуствувала речиси цела естрада.
Инаку, Каролина и уметникот Михаил се активни на социјалните мрежи, и често споделуваат фотографии од нивните патувања. Додека траеше карантинот поради пандемијата, парот не замина надвор од границите на нашата земја, туку тие беа на неколку многу познати македонски туристички дестинации.