Додека лежеше во кома: Запленет станот на Навални, замрзната и неговата сметка...

Точка

24/09/2020

17:25

1.882

Големина на фонт

а а а

Трансакциската сметка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е замрзната, а неговиот стан во Москва е запленет поради парница.

Сето ова се случило додека најистакнатиот руски опозиционер беше во кома и се опоравуваше во берлинската болница, откако претходно беше отруен во Русија со нервниот агенс „Новичок“.

„Тоа значи дека Навални не може да го продаде станот, ниту пак да го донира или да го стави под хипотека“, изјави портпаролката на Навални, Кира Јармиш, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.


Минатиот месец еден од најгласните критичари на рускиот претседател Путин беше префрлен од Русија во Германија по барање на неговата сопруга. Германските доктори во неговиот организам пронајдоа траги на нервниот агенс „Новичок“ кој го поседува само Русија со оглед на тоа што е развиен во поранешниот Советски сојуз.

Навални во вторникот беше отпуштен од болницата во германскиот главен град, а докторите изјавија дека „можно е целосно да се опорави после труењето“.


Да потсетиме, Алексеј Навални откако му се слоши, најпрвин беше примен во болница на Сибир, по што беше префрлен во Берлин. Тој деновиве откри дека во Русија целосно го соблекле гол пред да биде транспортиран во Германија и побара да му биде вратена облеката затоа што претставува „клучен доказ“.


„Пред да ми биде одобрен превозот во Германија, ја соблекле од мене целата облека и ме испратиле целосно гол. Со оглед на тоа што „Новичок“ беше пронајден на моето тело и дека е можна инфекција преку контакт, облеката е многу важен материјален доказ. Барам облеката внимателно да се спакува во пластична кеса и да ми биде вратена“, изјави Навални.




Спонзорирани линкови

Маркетинг