Милан потврди: Ибрахимовиќ позитивен на коронавирус

Точка

24/09/2020

16:16

1.082

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирус, откри редовното тестирање во клубот, потврдија од Милан.

„Кориере дела Сера“ први ја објавија оваа вест, а набрзо потоа потврда стигна и од Милан: „Веднаш ги известивме сите здравствени структури и играчот веднаш е испратен дома во изолација“.

Тестирањето кое откри дека Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирус било извршено во рамките на протоколите на УЕФА во пресрет на натпреварот Милан - Бодо Глимт во третото претколо на Лига Европа.

Средбата е закажана за вечерва во 20:30 часот.

Инаку, ова е голем удар за тренерот Стефано Пиоли кој сигурно дека сметаше на услугите на Швеѓанецот, посебно на следните натпревари во рамките на италијанска Серија А.



Спонзорирани линкови

Маркетинг