Полицијата запленила 324 илјади користени кондоми: Нема да ви се верува што правеле со нив

Точка

24/09/2020

21:05

20.707

Големина на фонт

а а а

Дури 324 илјади користени кондоми заплени виетнамската полиција во јужната покраина Бин Дуонг.

Виетнамските власти открија дека 32-годишната Пам Таи Тан Нгок изнајмила погон во кој планирала да рециклира кондоми. Уапсената Виетнамка организирала перење, сушење и повторно пакување на кондоми кои планирала да ги пласира на пазарот како нов производ. Со помош на дрвено дилдо таа ги враќала кондомите во изворниот облик.

Полицијата за време на претресот освен 360 килограми искористени кондоми пронашла и илјадници презервативи кои биле спакувани и подготвени за продажба.


Уапсената Виетнамка секако немала документација со која би можела да го докаже потеклото на производот, па открила дека еднаш месечно добивала пратка со користени кондоми.

Кондомите биле запленети како доказен материјал, но ќе бидат складирани според прописи затоа што се сметаат за опасен медицински отпад. Според извештаите на локалните медиуми, непозната количина веќе била дистрибуирана во хотели и продавници во близина на магацинот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг